Наташа Атлас ѕвезда на 7-то издание на Фестивал на музика од светот

0
493

Фестивалот на музика од светот оваа година ќе се одржи по седми пат.Од година во година дел од фестивалот се најреномирани имиња од светската музичка сцена како Ришард Галијано, групата Баба Зула, Рабу Али Калил и др.а оваа година на фестивалот гостува Наташа Атлас.

Со нејзиниот експлозивен пробив на сцената во раните деведесетти, Атлас брзо се здоби со големо признание за нејзиниот пионерски успех во обединувањето на западната и источната класична музика, особено за нејзиното комбинирање на најсовремениот електронски звук со арапски мелодии и инструменти.

После Париз, Минхен,Атлас за прв пат доаѓа во Македонија да го промовира најновиот албум кој го продуцираше прославениот музичар Ибрахим Малоуф.

Карактеристичниот глас на Атлас е вклучен во бројни саундтракови на филмови.

Оваа година фестивалот се одржува на 5-ти и 6-ти ноември во организација на Центарот за култура и партнерство на Францускиот институт и Француската Алијанса од Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY