НАТО е застарен, треба да го реорганизираме!

0
312

Доналд Трамп најави дека, доколку победи на изборите на 8 ноември, ќе направи силен пресврт во оснос на етаблираната американска надворешна политика.

Претендентот на номинацијата на Републиканската партија на изборите за претседател на САД рекол меѓу останатото дека би го реогранизирал НАТО и можеби ќе престане да купува нафта од Саудиска Арабија.

Само неколку дена пред Нуклеарниот безбедносен самит во Вашингтон, чиј домаќин ќе биде Барак Обама, а на кој ќе присуствуваат 56 делагации, Трамп ја „удвои“ својата критика на НАТО, алијансата која со децении беше камен-темелник на американската надворешна политика и побара негова реорганизација.

„НАТО застаре“, рекол Трамп во емисија на телевизија ЕјБиСи, велејќи дека алијансата е основана во друго време, кога главна закана за Западот бил Советскиот сојуз.

НАТО денес не е погоден за борба против тероризмот и премногу ги чини САД и затоа треба да го намалиме и реорганизираме, рекол тој.

Во интервју за Њујорк Тајмс Трамп исто така рекол дека, доколку стане претседател, ќе ја разгледа можноста на Јапонија и Јужна Кореја да им дозволи да развиваат сопствено нуклеарно оружје наместо да се потпираат на заштита на САД против Северна Кореја и Кина, што исто така претставува големо отстапување од стандардните американски политики.