НАТО и ЕУ ја засилуваат соработката поради предизвиците на истокот и југот

0
219

Највисоките преставници на Евроската унија (ЕУ) и НАТО во петокот потпишаа изјаваза засилување на меѓусебната соработка, во време кога постојат се поголеми безбедносни предизвици во источното и јужното соседство, пренесуваат светските агенции.

Пред почетокот на дводневниот самит на НАТО во Варшава, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и неговиот колега од Европската комисија, Жан-Клод Јункер, заедно со главниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја потпишаа заедничката изјава, која според овие лидери претставува „историски момент“.

Столтенберг додал дека и ЕУ и НАТО имаат средства за да се соочат со постоечките предизвици, но дека заедно тие сочинуваат „извонреден тим“. Како најголеми предизвици во изјавата се споменуваат хибридните закани и безбедноста во сајбер просторот. Покрај ова, акцент се става и на градењето на одбрамбени способности, што претставува голема можност за европската индустрија.

„Изјавата испраќа јасна порака: силна ЕУ значи силен НАТО, и обратно. Нашето делување и ресурси се надополнуваат“, рекол Јункер, додавајќи дека Европа може да има силна одбрамбена индустрија, само доколку земјите членки соработуваат.

„Нас не поврзува многу повеќе од заканите на кои сме изложени. Одлучни сме да ја сочуваме слободата и нашето заедничко наследство“, рекол Туск. Во изјавата исто така се истакнува голема потреба за да се засили способноста за соочување со хибридните закани, засилување на соработката во размената на информациите, како навремено да може да се одговори на опасноста.

Изјавата ја нагласува и потребата од проширување на оперативните соработки на море кога се работи за миграцијата, како и да се прошири координацијата во поглед на безбедноста во сајбер просторот и поголемо истражување во одбраната и индустриската соработка на двете страни од Атлантикот, потоа изградба на одбрамбени и безбедносни капацитети и да се зголеми отпорноста на земјите на истокот и југот преку конкретни проекти./крај/мф/бс