НАТО ќе ја засилува турската воздушна одбрана

0
295

НАТО сојузниците планираат да испратат патролни авиони за зајакнување на воздушната одбрана на Турција на нејзината граница со Сирија, по соборувањето на рускиот бомбардер.

– Остануваме одлучни да продолжиме со дополнителни мерки за обезбедување поддршка од НАТО сојузниците и работиме на други видови на помош, се вели во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на членките на Алијансата, при што се додава дека ситуацијата на границата на Турција со Сирија и Ирак е „крајно нестабилна“ и бара зајакнување на турската воздушна одбрана, преку тнр. „мерки за гарантирање на безбедноста“.

Земјите членки на НАТО се принудени да бараат нови начини на помош, откако пред неколку недели САД и Германија соопштија дека го повлекуваат своите единици од антиракетниот систем Патриот од Турција. Но, ненадејното вклучување на Русија во воената интервенција во Сирија ги поттикна НАТО членките да и понудат дополнителна помош на Турција.