НАТО подготвен да ја брани Турција

0
213

НАТО е подготвен да го брани својот сојузник против заканите на своето јужно крило и да испрати трупи на Алијансата во Турција, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– НАТО е подготвен и способен да ги брани своите сојузници вклучувајќи ја Турција од какви било закани. НАТО веќе одговори со подигнување на своите капацитети со наша подготвеност да распореди сили вклучително на југ, каде е и Турција, изјави Столтенберг пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Тој рече дека на состанокот ќе доминира прашањето за сириската криза.

– Во Сирија веќе видовме вознемирувачка ескалација на руските воени активности. Ќе го процениме најновиот развој на случувањата и импликациите за безбедноста на Алијансата, доаде тој.

Без коментари

LEAVE A REPLY