Нација на аналитичари и политичари?

0
512

Дали познавате некој кој не знае кој ќе победи на следните избори, кој е виновен за кризата во државата, зошто државата е во криза, кој политичар што згрешил, што направил а што требало да направи…? Се чини дека сите знаат се за политиката. Високо образовани, средно образовани, ниско образовани, необразовани, родени вчера и родени во минатиот век, сите се подготвени во секој момент да Ви направат детална анализа за целиот политички систем во Македонија.
Секако и на другата страна ништо различно. Почитичари стануваат лекари, судии, полицајци, професори, актери, новинари… Тие тие не дека не се задоволни од својата професија, туку едноставно не можат да побегнат од својот ген за бавење со политика. А на толку политичари и аналитичари, политиката и аналитиката… па, гледаме како ни оди.
Од каде толку заљубеност во политичките теми, од мака или од задоволство, прашавме некого кого за промена политиката му е професија.

„Опседнатоста на луѓето со политичките теми се должи на трендот на постојана кампања кој го наметнаа партиите“- вели Диоген Хаџи-Коста Милевски, политолог.

Толку умни глави се занимааватт со политика што граѓаните не треба ни да размислуваат. Се смислено и обмислено им се сервира на сите можни изданија на вести од семудрите аналитичари. Кои се тие луѓе? Како од социолог, теолог, новинар или педагог преку ноќ се станува политички аналитичар?

„Факт е дека најчесто за политика коментираат луѓе кои не се стручни за проблематиката. Затоа треба секогаш да се прави разлика дали аналитичарот говори како научник и истражувач или говори во одбрана на некоја доктрина“- вели Диоген Хаџи-Коста Милевски, политолог.

Дали вечната мудрост на нашите политичари и нивните аналитичари не доведе до ситуација секои пар години да се прашуваме-ќе не биде или не? И имаме ли ние воопшто политичко и граѓанско образование какво што ни е потребно?

„Нашето образование нуди некаква едукација во однос граѓанското општество, но сепак односот кон политиката на политичарите и аналитичарите намногу е определен од нивната политичка култура и традицијата од која потекнуваат“- вели Диоген Хаџи-Коста Милевски, политолог.

Без коментари

LEAVE A REPLY