Нацрт законот за референдумот за ЕУ поддржан во британскиот парламент

0
236

Нацрт законот за референдумот за членството на Велика Британија во Европската унија ја мина во вторникот првата фаза во британскиот парламент во полемиката за просторот даден на евроскептичните министри да се изјаснат за темата.

Од 597 присутни пратеници, 544 го потврдија споменатиот текст кој отвора пат за продолжување на парламентарниот процес. Овој закон го предложи владата на конзервативецот Камерон откако го доби новиот мандат на 7-ми мај.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, настојувајќи да стави крај на деценискиот раздор во неговата Конзервативна партија околу улогата на Велика Британија во Европската унија, вети дека ќе преговара со Брисел за нов договор за британските позиции во ЕУ, како и дека ќе одржи референдум за членството до крајот на 2017 година. Избирачите ќе одговараат на прашањето „Треба ли Обединетото Кралство да остане членка на Европската унија?“

Нацрт законот уште треба да ја мине законодавната фаза пред парламентот и пред долниот дом. Дефинитивното усвојување на законот не е спорно, бидејќи го поддржуваат мнозинството ториевци и лабуристичката опозиција,

Истовремено, амандманот на Шкотската национална партија (SNP) чија цел беше блокирање на текстот, беше отфрлен со мнозинство од 338 наспроти 59 гласови, како и предлогот за давање глас на младите од 16 и 17 години./крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax

Без коментари

LEAVE A REPLY