Научен симпозиум за културните врски меѓу Македонија и Србија

0
426

Битола е домаќин на шестиот по ред научен симпозиум посветен на научните и културните врски меѓу Македонија и Србија. Го организира почесниот конзулат на Република Србија во Битола.

12118793_10205595199622123_546710765806267621_n

„И оваа година продолжува флуидот на научната мисла меѓу двата соседи, пријатели и браќа, српскиот и македонскиот народ. Она што е за нас денес овде за идните поколенија ќе биде историја. Заради тоа овој симпозиум секоја година го дополнува мозаикот на вековните културно историски врски меѓу Македонија и Србија преку нивно препознавање и афирмирање“ – рече Силјан Мицевски, почесен конзул на Србија во Битола.

Со свои трудови учествуваат 86 автори од двете држави.

Без коментари

LEAVE A REPLY