Научна конференција во Битола за развој на образованието

0
1013

Дводневната Меѓународна научна конференција насловена „Образование на крстопат“во Битола, на која учествуваат академици, универзитетски професори и наставници од пет држави.

-Предизвикот кој што ние е даден во оваа прилика да говориме на тема “Образованието на крастопат“ и анализирана од повеќе аспекти, ќе даде и вредни документи предлози и решенија, изјави доц. д-р Марјан Танушевски, претседател на Македонското научно друштво од Битола.

Македонија во моментов се наоѓа на една прествртница во поглед на развојот на образованието на кое што, сите ние треба да дадеме свој придонес, рече професор д-р Деан Илиев, координатор на проектот.

– Тоа претставува значаен чекор во развојот на образованието и процесите кои што ја очекуваат РМ, изјави тој.

Учесниците од другите држави со своите излагања и приложените трудови, ги пренесоа искуствата од нивниот образовен процес, кој исто како и кај нас е во фаза на реформирање.

-Исклучително значајна е оваа меѓународна конференција со многу актуелна тема и со прекрасниот македонски збор- крстопат- кој всушност зборува за сите раскрсници во кои се наоѓа образовниот процес од Македонија па се до Словенија, изјави професор д- р Вера Радовиќ од Педагошкиот факултет во Белград

Зборникот од над 700 страни ќе биде доставен до Министерството за образовение, како и до сите регионални универзитети инволвирани во овој мега- образовен проект.

-Ние се повеќе треба да обрнуваме внимание на наставниците и учителите, а кај нас во Софискиот универзитет, работиме на проект за стресот кај наставниците, изјави професор д-р Снежана Илиева од Софискиот универзитет.

На Меѓународната научна конференција што ја организира Македонското научно друштво од Битола има над 300 гости, со 107 учесници кои ќе приложат 159 научни трудови.