Научниците предупредуваат дека доаѓа екстремно студено време во Европа

0
415

Кога времето се менува, уморни сме и не можеме да спиеме. Кога врне дожд, лошо сме расположени и не боли главата, а кога дува ветер раздразливи сме и нервозни.
Метеопатијата најчесто е типична за луѓето од средната доба , како што се менува постојано времето тим научници предупредуваат дека големите сеизмички настани, вклучувајќи ги и вулканските ерупции, покачувањето на глобалната температура и дестабилизацијата на земјината кора ќе станат почести, зашто се случуваат загрижувачки промени на површината на Сонцето.
Нучниците велат дека ова би можело да потрае 15 години додека соларната активност да се врати во нормала. Со екстремни временски услови и ниски температури ќе се бориме сѐ до 2035 година.
Ова предупредување ги разбесни активистите за животна средина, кои тврдат дека до 2030 г. светот ќе се соочи со зголемено ниво на морињата и со поплави поради топењето на мразот на половите.
Тие истакнуваат дека соларната активност, која се мери преку појавувањето на сончевите пеги, е во пад во поголема мера отколку кога и да било во историјата. Сонцето сега е без пеги, првпат во пет години по 21 ден на минимална активност која е забележана во текот на 2016 година. Затоа тие наведуват дека светот јуриша кон историски соларен минимум.

Овој феномен ќе донесе екстремно студено време во Европа и Северна Америка и покрај јужната хемисфера која влијае на Нов Зеланд и делови од Јужна Америка.
Главната закана во Британија е заканата да се повтори мини леденото доба од 1600-те години кога дошло до толку остри зими што реката Темза била целосно замрзанта.