Научно културни средби во Крушево

0
255
Со посетата на Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес и полагањето цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев, денеска на пладне и официјално започнаа годинашните Научно- културни средби “10 дена Крушевска Република”, а свеченото отворање на средбите ќе се случи вечерва, точно на полноќ со импровизиран напад на градот.
Во следните 10 дена, пак,  почнувајки од утре, кога од Гумење ќе се обрати и претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов, Крушево ќе живее и пулсира во знакот на Илинденската епопеја.
Инаку, традиционално, уште синоќа во Крушево пристигнаа коњаниците од цела Македонија, кои беа дел од годинашниот “Илинденски марш“, како своевидни предвесници на Крушевската Република. Во името на крушевчани, пред Столбот на Крушевската Република, коњаниците беа пречекани и поздравени од градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчевски.