Наумче Смилевски од СДСМ e новиот претседател на Советот во Новаци

0
2286

За претседател на Советот на општина Новаци беше избран Наумче Смилевски од СДСМ, со 5 гласа ЗА и четири воздржани.

Денеска се одржа првата конститутивната седница на Советот на општина Новаци со која претседаваше најстариот избран советник Слободе Ристевски.

Советот на Општина Новаци најпрво состави верификациона комисија, потоа се направи верификација на мандатите на членовите на Советот кои согласно дневниот ред потпишаа свечена изјава. Потоа се пристапи кон избор на кандидациона комисија за предлагање на кандидат за претседател на Советот на општина Новаци, избор на претседател и решение за избор на комисија за мандатни прашања, избори и именувања.

Смилевски на присутните советници им се заблагодари на изборот и изрази надеж за понатамошна соработка .

Честитајќи им го изборот на новите советници градоначалникот на Општина Новаци , Љубе Кузманоски, рече дека малкумина ја имаат честа да бидат советници, тоа е истовремено и привилегија но и обврска и  одговорност, затоа што оние кои ги избрале по четири години ќе бараат резултати од нивното работење.

Новиот општински Совет ќе брои девет советници , четворица  од кандидатската листа на Коалицијата за локални избори 2017, предводена од СДСМ, со носител Наумче Смилевски која на локалните избори на 15 октомври освои 808 гласови. Исто толку советнички мандати  освои кандидатската листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со носител Славица Цветковска Најдовска, која освои 1002  гласа, и еден советник од независната листа Стефан Каранфиловски кој освои 285 гласови.