Навални нема да може да се кандидира за претседател на Русија

0
156

Еден од главните руски опозиционери и според него, иден кандидат за претседател на изборите во Русија во 2018 година, Алексеј Навални, нема да може да се кандидира поради тоа што порано бил осудуван, изјави Ела Памфилова, шеф на Централната изборна комисија.

Навални е осуден за злоупотреба во врска со шумарската компанија „Кировлес“.

Според руски закони, на лице осудено за такво дело му се заканува казна затвор до 10 години.

Навални се противи на тоа и вели дека не постои правна пречка да се кандидира бидејќи рускиот устав јасно вели дека кандидат за претседател не може да биде некој кој активно отслужува казна, додека тој е на издржување условна казна.

http://makfax.com.mk