Навиваме со јувентините во центарот на Битола

0
1416

Битолчани се докажани љубители на фудбалот. Едни навиваат за еден клуб, други за друг, но оваа група на млади луѓе се заколнати навивачи на Јувентус. Тие не пропуштаат натпревар во кој игра нивниот омилен тим да не се соберат на одредено место и да навиваат заедно.

Над стотина навивачи на Јувентус облечени во дресови на својот омилен клуб, навивачки реквизити, навиваа во кафе бар Интермецо.

Како што ни истакнаа во разговот со нив ова им е традиција и редовно се собираат за заеднички да го бодрат својот клуб.