Назначен нов почесен конзул на Русија во Битола

0
2952

На 6 јуни 2016 година Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак свечено му врачи патентно писмо на рускиот бизнисмен, претседател на ракометарниот клуб “Вардар”, г-дин Сергеј Самсоненко назначен за почесен конзул на Руската Федерација во Битола. Истиот ден, Амбасадорот му го претстави г-дин Сергеј Самсоненко на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски, на кој, во согласнот со праксата, му го предаде патентното писмо. Сергеј Самсоненко е втор во историјата почесен конзул на Русија во Битола. Од 2001 до 2016 година таа функција ја вршеше државјанин на Македонија, г-ѓа Даринка Крстанова. Битола претставува “конзуларна престолнина” на Македонија. Тука во 1861 година беше отворено прво руско претставништво, Императорски конзулат кој постоеше дури до Првата светска војна. Конзуларното подрачје на Почесниот конзул на Русија во Битола ги опфаќа териториите на општините Битола, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци и Прилеп.

13396672_172586843144622_541224853_o