НБА експлодираше: Да си црнец е поопасно отколку да си терорист!

0
354

Голем број на НБА ѕвезди се огласија на социјалните мрежи откако полицијата во САД уби нов невооружен црнец.

Последниот од низата инциденти се случи оваа недела во Талса кога беше застрелан 40 годишниот Теренс Крачер.

Тој имал проблеми со автомобилот, но на полицајците им изгледал опасно, и откако не ги послушал наредбите да стои и да ги крене рацете во воздух, Терен Крачер бил застрелан.

По новото полициско убиство на Афроамериканец, реагираа и НБА ѕвездите кои не останаа имуни на расната тензија.

Најжесток во критиките беше новиот кошаркар на Чикаго, Ражон Рондо.

„Објаснете ми го ова. Како невооружен црнец чија кола е расипана и му треба помош е застрелан и убиен од полицијата, додека пак во Њујорк и Њу Џерси, осомничен бомбаш кој пукаше во полицијата е приведен и жив? Претпоставувам дека е поопасно да си црнец отколку да бидеш терорист. Дури и со рацете кренати во воздух, без пиштол, и потреба од ПОМОШ, да си црнец е криминал” – напиша плејмејкерот на Инстаграм.

„Испраѓам искрено сочуство до семејството на Теренс Крачер”.

www.mkd.mk