НБР предвидува раст од 2,3% годинава

0
265
Раст од 2,3 % ќе испорача економијата годинава прогнозира НБРМ.  Очекувањата се помеѓу априлските проекции од основното и алтернативно сценарио, а причина за ваквото ниво е оптимизмот дека ќе се стабилизираат случувањата на домашната политичка сцена. Но сепак, политичката криза останува главен ризик.
Инфлацијата годинава ќе биде 0 %,  догодина се проектира раздвижување на цените од 1,3 %. Девизните резреви остануваат стабилни. Поради шпекулациите за девалвација, растот на депозитите ќе забави и ќе изнесува 2,6 %. Кредитниот раст ќе изнесува 5,6 %. Со јавен долг од 50,6 % од БДП мора да се почне со фискална консолидација и стабилизија, порача гувернерот Богов.
За догодина се очекува растот на економијата да забрза на  3,5 %, за во 2018 година да изнесува 3,7%.