НБРМ ги објави официјалните девизни резерви заклучно со јуни 2015

0
184

Народната банка на Република Македонија ги објави девизните резерви заклучно со јуни 2015 година, кои вкупно изнесуваат 2,25 милијарди евра, што покажува намалување во однос на првиот квартал од оваа година кога изнесувале 2,35 милијарди евра.

Износот на валути и депозити изнесува 213,9 милиони евра, додека хартиите од вредност изнесуваат 1,8 милијарди евра.
Девизните резерви во злато изнесуваат 230,8 милиони евра.