Не беше прифатено барањето на опозицијата за ФК Пелистер

0
303

39-та седница на Советот на Општина Битола започна со барањето на советникот Котески за присуство на градоначалникот за да дискутираат за продажбата на ФК Пелистер. Од владејачкото мнозинство пак реагираа дека иако Котески побарал процедурално, немало никакво кршење на процедурата со она што го барал.

Благојче Котески, советник од СДСМ побара присуство на градоначалникот за да се дискутира на оваа, тема, а претседателката на Советот, Силвана Ангелевска рече дека градоначалникот доаѓа тогаш кога е во можност, а во секој момент преку неа можат да постават прашања до него.
Од Комисијата за јавни комунални дејности рекоа дека точките Програма за работа во областа на располагање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Битола за 2015 година, како и Одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Општина Битола членовите на Комисијата ги изгласале едногласно. Со 4 гласови ЗА на Комисија беше гласано за Одлуката за определување на имиња на улици во Општината Битола.
Опозицијата имаше забелешка за градежното земјиште.
Златко Ќурчиевски од СДСМ рече дека никој не сака да инвестира онаму каде не е урбанизирано, а граѓаните ен сакаат да се вселат во згради кои немаат употребна дозвола.
Денес беа донесени и Одлуки за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени неколку места во Општина Битола за во идна урбанистичко планска документација, Цапари, Трново, Раштани, Долно Оризари, Крстоар, Буково, Кукуречани, Дихово, Ниже Поле и Бистрица.
Денешната седница за разлика од претходните заврши релативно брзо и без многу дискусија.

Без коментари

LEAVE A REPLY