Не би бил среќен ако Северна Кореја изведе уште еден нуклеарен тест

0
449

Изјавата следи откако Северот изведе нов тест на проектил во саботата, којшто, според Јужна Кореја, завршил неуспешно.

Претседателот Доналд Трамп, изјави дека „нема да биде среќен“, доколку Северна Кореја изведе уште еден нуклеарен тест.

Трамп за телевизијата CBS кажа дека ниту тој, ниту кинескиот претседател Ши Џинпинг ќе биде среќен, ако севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун нареди шести по ред тест.

Северна Кореја, која се обидува да се развие проектил со долг домет со капацитет да го погоди американското копно на оддалеченост од 9.000 километри, во саботата изведен нов тест на проектил. Јужна Кореја подоцна соопшти дека и овојпат, тестот не бил успешен.