Не доаѓа предвид турските војници да се повлечат од Ирак

0
666

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача денес дека силите на неговата земја нема да се повлечат од Ирак, откако Багдад ја обвини Анкара дека без дозвола распоредила војници на ирачка територија.

„Во моментов, повлекување на нашите војници не доаѓа предвид“, изјави Ердоган. Тој истакна дека турските војници во Ирак ги обучуваат курдските борци и не учествуваат во борби.

Тој повтори и дека тие се распоредени на барање на ирачкиот премиер Хајдер Абади, испратено минатата година.

„Бројот на нашите војници (на северот на Ирак) би можел да се зголемува или намалува во зависност од бројот на пешмерги (курдски борци) што ги обучуваат“, додаде турскиот претседатеч.

 Ердоган најави дека на 21 декември ќе се сретнат преставници на Турција, САД и Курдите од северот на Ирак.