Не е постигнат договор во Пржино

0
538
И денеска на средбата во Пржино не е постигнат никаков договор. Во денешните разговори  учествуваа заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ, Артан Груби до ДУИ и Имер Алиу од ДПА.
Амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав  не се разочарани од денешната средба, бидејќи се работело добро, а разговорите биле конструктивни. Според нив некогаш е потребно време за да се дојде до договор.
Преговорите меѓу партиите ќе продолжат и во наредните денови.
Теми на разговор беа медиумите, прочистувањето на избирачкиот список, но и за специјално судско одделение.