Не е убаво да има избори без опозиција

0
335

Доскорешниот спикер во македонскиот парламент, Трајко Вељаноски вели дека не е убаво да има во земјава избори на кои нема да учествуваат партиите од опозицијата. Тој ја повика опозицијата да се вклучат во изборниот процес, за кој тој најави дека ќе биде на 5 јуни. Притоа истакна дека има услови за избори на тој датум. Ова Вељаноски го рече при неговото гостување вчерашното издание на 24 Анализа на 24 Вести.