Не можеме да собереме колку што создаваме отпад

0
301

Здравата и чиста животна средина не е привилегија, туку одговорност на секој жител на Македонија, а со континуиран труд, акција и визија истата е возможна, беше речено на акцијата „Македонија без отпад” која што во саботата се одржа во Битола .

otpad

Се чистеа 11 локации во градот. Се почна од влезот на Касарната во Битола, ридот со старите авиони, до објектот Џепане над Касарната, преку населбата Стрчин до Болницата во градот

otpad-4

Нашата земја во моментов се соочува со голем проблем кога станува збор за комуналниот отпад и неговото нерационално искористување.Во чистењето со механизација се вклучи и општина Битола

otpad-2

Акцијата која има за цел да се намалат количините на несоодветно депонираниот отпад се одржа во 50 општини во Македонија