Не ни помислувајте да креирате инциденти во Собранието

0
493

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на колегите од СДСМ им посочи да не помислуваат да креираат инциденти во Собранието знаејќи дека и онака атмосферата, како што рече, е тензична.

-Нека не ве лаже паметот да правите чекори кои што ќе ги зголемат тензиите во Собранието, рече Милошоски.

Тој исто така нагласи дека освен Движењето Беса која што има регистрирано пратеничка група, моментално ниту една партија нема поднесено барање за формирање пратенички групи и оттука како што може СДСМ да бара цело време процедурални забелешки за една иста тема така можат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.