Не планирам да се повлечам

0
1163

Не планирам да се повлечам од лидерската позиција. Ние на последните избори победивме и освоивме најмногу гласови во Македонија и имам долг кон сите граѓани што не поддржаа и што гласаа за нас да продолжиме да се бориме за една добра иднина за Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој посочи дека во последно време ова прашање го отвораат многу опоненски партии и медиуми блиски до нив очигледно, вели, поради желба да дојде до смена на раководството во ВМРО-ДПМНЕ.

– Очигледно е дека имаат желба да дојде до промена во раководството на ВМРО-ДПМНЕ затоа што имаат страв од ова раководство, затоа што знаат дека ќе ги губат наредните избори како што ги изгубија и сите досега, рече Груевски.

Во овој контекст тој го отвори и прашањето за оставката на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој, како што рече, како лидер на СДСМ ги изгуби последните два избори во 2014 и 2016 година.