Не прифаќаме промена на премиер и министри

0
174

Зоран Заев имаше јасна цел преговорите да не успеат, а ВМРО-ДПМНЕ во натамошните разговори со опозицијата нема да прави нови отстапки ниту пак ќе прифати промена на министри и премиерот- ова е ставот на Извршниот комитет на владејачката партија по вчерашната одлука на СДСМ да ги прогласи за неуспешни преговорите за излез од кризата.

„Првата цел на СДСМ е да нема избори во април бидејќи се свесни дека ги очекува тежок пораз. Втората цел на СДСМ е политичката криза да предизвика економска криза, што СДСМ го гледа како свој партиски интерес. За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да учествува на преговори доколку и се додека СДСМ, со илегално стекнати и монтирани материјали на прес конференции ја манипулира јавноста”, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека се подготвени за имплементација на договорот од 2 јуни.