Не само еден, за нив сите дена се важни

0
1122

Еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општество се дел од барањата на лицата со посебни потреби по повод Меѓународниот ден 3- ти декември. Децата од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ со приредба и со песнички кои што ги изведија заедно со своите дефектолози, се вклучија во одбележувањето на овај ден.

02-12-still009

Во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ настава одржуваат 40 ученици, распределени во 9 паралелки од прво до деветто одделение, и една воспитна група.  Терминот посебни потреби може да означува многу разни состојби, од мали потешкотии во учењето, изразени интелектуални потешкотии , психијатриски нарушувања хронични болести. За воспитното образование задолжени се 12 дефектолози.

02-12-still008
Според податоците на СЗО повеќе од 1 милјарда луѓе во светот живеат со некој вид на хедикеп. Ова одговара на околу 15% од светската популација. Во Македонија се проценува дека 10% или околу 200 илјади жители се лица со инвалидитет . Познавачите велат дека стапката на инвалидност постојано се зголемува, поради стареењето на населението и глобалниот пораст на хронични здравствени проблеми.

На лицата со инвалидност им припаѓаат сите права кои што се загарантирани со универзални документи усвоени од ОН.