Не се плашиме од специјален обвинител

0
165

– Се надевам дека на првиот училишен ден, СДСМ ја научи лекцијата, дека со седење дома, лежење во кампови, борба со замислени противници, со тропање по прозорите на граѓаните, не може да сметаат на поддршката од нашиот народ. Ние работевме додека другите не работеа, рече денеска Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, по најавеното враќање на опозицијата во Законодавниот дом.

Според него, додека СДСМ не работел, во Собранието се донеле низа закони од интерес за граѓаните.

– Деведесет пратеници кои доаѓаа на работа, беа на ниво на нивната обврска. Ние имаме достоинство и знаеме дека треба да работиме, а Собранието не треба да се претвори во орган кој ќе се занимава со СДСМ, порача тој.

Димовски вели специјалниот обвинител не е нешто што ги плаши.

– Не се плашиме од специјалниот јавен обвинител, во оваа држава многумина сме ги виделе на дело и тие треба да бидат исплашени од институциите, порача тој.