Не си го заборавајте минатото ни порачаа од Стари Град

0
359

Роденденот е причина што градоначалничкиот кабинет, денеска имаше гости. Претставници од збратимените градови Стари Град и Тремброг, дојдоа за да ни оддадат почит, а воедно соработката да ја насочат за во иднина.

Стефан Ликен секретар на општинскиот совет на Тремборг Шведска рече дека за прв пат е во Битола иако нашата врска е од поодамна , но оваа неколкудневна посета ќе ја искористеле за нов почеток на соработката.

Она што од соседството ни го испратија како порака е да не дозволиме да си го заборавиме минатото.

Дејан Стефановиќ заменик претседател на советот на Стари Град Белград, вели дека трет пат е на одбележувањето на денот на Битола но годинава забележал дека ги нема младите како да се има намера делови од историјата да се заборават.

Градоначалникот потсети на историското значење на овој светол датум за Битола.

д-р Владимир Талески градоначалник на Битола рече дека ослободувањето на Битола е секако еден момент од историјата кој не може да се заборави и секако е значаен не само за Битола туку и за историјата на Македонија.

Воочи роденденот традиционално и синоќа се одржа ноќната атлетска трка, на учениците од основните и средните училишта, факултетите како и сите граѓани кои сакаа и зедоа учество во оваа активност.