Не сите го почитуваат законот за велопаркинзи

0
626

Се подобрува состојбата со велопаркинзите во градот. Според истражувањето кое што го направиле од Битола на точак во 2013 година имало отприлика околу 230 велопаркинзи во градот, а со измените на Законот за градeње од август 2014-тата со кои што им се наметна на јавните објекти да обезбедат паркинг места за велосипеди,состојбата со истите била дуплирана. Сега имало околу 500 паркинг места за велосипеди. Нo сепак како што велат од Битола на точак состојбата не е идеална.

-Меѓутоа, во Законот не е споменато дали и како се регулира бројот и типот на паркинг-местата за велосипеди, дали е тоа оставено на проценка на проектантот или ќе биде регулирано со подзаконски акт, изјави Виктор Илиев Битола на точак

Со измените на законот се опфатени сите здравствени, образовни,културни и државни институции во градот кои мора да постават велопаркинзи пред објектите, а доколку не се придржуваат до измените на законот треба да бидат санкционирани од градежниот инпекторат. Обврска тоа да го сторат имаа до 1 август минатата година.

Од август 2015-та не би требало да има објект со јавна намена каде нема да можеме да паркираме велосипед, вели Илиев, и додава дека велосипедот е превозно средство и треба да има можност за негово безбедно паркирање на секоја дестинација.

Критична маса секој последен четврток во месецот ја подигнува јавната свест за користењето на велосипедот како урбано средство за превоз во денешно време.Тоа го сторија и вчера. Главните мотиви на оваа градска иницијатива се директно влијание кон намалувањето на енормното загадување во Битола, нудење на евтини алтернативни решенија за растеретувањето на пренатрупаниот центар од коли кои се еден од главните загадувачи во Битола, како и преземање на активности со цел обезбедување на вело инфраструктура, кои ќе го поттикнуваат овој тип на превоз во Битола.