Не станува збор за бомба, експлозијата е предизвикана од пожар

0
247

Во најновиот извештај за експлозијата што рано утрово се случи на Институтот за криминологија на северот на Брисел, се наведува дека  тврдењата за подметната бомба се лажни.

Најверојатно станува збор за криминално дело, а не за терористички акт, соопштуваат од канцеларијата на бриселското обвинителство, пренесува Б92.

Според претходните известувања, еден или повеќе напаѓаќи со автомобил ја пробиле оградата околу 3 часот изутринава и потоа детонирале бомба недалеку од лабораторијата што предизвикало пожар.

Сеуште официјално не се утврдени причините за експлозијата, но портпаролот на Противпожарната заштита Пјер Мејс изјав и дека причината најверојатно не е случајност, додека обвинителот одби да ги нагаѓа причините за експлозијата на Институтот за криминологија.

Белгиските медиуми пренесуваат дека причина за експлозијата е автомобил што удрил во зградата.