Не сум дојден предизборно во пријателската држава

0
239

-Не доаѓам пред избори, доаѓам бидејќи постои покана од дипломатите од пријателската држава. Ова е одговор на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас на новинарско прашање дали неговата посета, а претходно и неговото вето во ЕУ за обидот да се воведат санкции за Македонија значат поддршка на актуелната власт во земјава.

– Ова е почесна покана, дипломатите како во секоја држава се собираат во август бидејќи има одмори дотогаш, тоа е нормално. Ветото против казните на вашата земја го ставив бидејќи секогаш сум против казните, бидејќи народот ги гласа тие казни, а најглавно дека не треба ние да интервенираме во внатрешната работа на земјите од ЕУ и кандидатите-членки.  Не зборувавме ниту за името. Рековме еднаш барем да зборуваме за нашата соработка, посочи Коѕиас.

Зголемување на довербата меѓу двете земји за надминување на отворените разлики, било главна тема на разговор на средбата меѓу шефот на грчката диплиматија Никос Коѕиас и премиерот Емил Димитриев.

На средбата Димитриев ја истакнал потребата од пронаоѓање сфери и области  што ќе придонесат за зближување на двете држави и за воспоставување билатерални соработки.

-На двете земји потребни им се чекори кои ќе значат решенија за иднината, наместо решенија за минатото – порачал Димитриев.

Спорот со името не беше тема на разговор на оваа посета на Коѕиас. Тој порача дека наместо за спорови, време е барем еднаш земјите да зборуваат за соработка.