Не успеа референдумот во Босилово

0
334

Референдумот во општина Босилово не го исполни законскиот цензус за да биде  успешен. Речиси на сите избирачки места излезноста беше под  50 од сто што не е доволно  изјаснувањето во Босилово за или против рудници да добие легитимитет. Дека не успеа референдумот признаа и од граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ кои кажаа дека ова е срам за граѓаните на општина Босилово.

Од граѓанската иницијатива Здрава котлина најавија дека ќе бараат ревизија на сите договори што ги има склучено Владата за издадените концесии за експлоатација  посебно за рудникот кај Иловица.

Ова е втор неуспешен референдум во југоистокот и тоа во општини каде е издадена концесија за експлоатација на металични минерални суровини.   Референдум за рудникот кај Иловица ќе има и во општина Ново село. Тој е закажана на 17 септември.

Без коментари