Неа сексуално ја нападнал, а него со синџир по глава го тепал

0
1796

На 25.07.2016 година околу 12.00 часот на ул.„Бистра“ во Битола, седумнаесетгодишно девојче, кое било во друштво со нејзиниот другар Д.Ј., биле пресретнати од В.К. (46), сите од Битола, при што В.К. застанал пред малолетничката и со рака ја фатил во пределот на градите. Притоа Д.Ј. со раце го отурнал В.К., кој извадил синџир и го удрил Д.Ј. во пределот на главата. Сторителот , потоа, уште неколку пати го удрил девојчето во пределот на раката и лицето, а исто така, уште неколку пати го удрил Д.Ј. По пријавувањето на настанот, од страна на полициски службеници од ПС-Битола, В.К. е пронајден и лишен од слобода. По целосно документирање на настанот против сторителот  ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.