Недановски носи полн плен од Железарница

0
183

Скопје – Пелистер 0:1 (0:0)

 

Стадион на Железарница – Скопје. Гледачи: 100

Главен судија: Ристе Сејменов (Струмица)

Асистенти: Горан Манасиев (Велес) и Ѓорѓи Карајанов (Гевгелија)

Делегат: Зоран Јовановиќ (Валандово)

Стрелци: Недановски во 61 минута за Пелистер

Жолти картони: Трипуновски (Скопје), Трајковски, Мирчевски (Пелистер)

Црвени картони: нема

Скопје:

Цветковски, Ужевски, Трипуноски (од 57м. Смоковски), Мишевски, Шаќири, Алексовски, Десниќ, Поповски, Пецов, Т. Мирчевски (од 46м. Османи), Настевски (од 77м. Мојсовски)

Пелистер:

Пашовски, Тодоровски (од 46м. Лампевски), Додевски, Мустафов, Димитриоски, Недановски, Трајковски, Трпески, Лавуровски (од 63м. М. Мирчевски), Петковски, Трифуновски

Битолски Пелистер се враќа со големи три бода од гостувањето на стадионот на Скопје на Железарница. Иако настапи без неколку стандардни првотимци како Ацески, Главевски, Степановски и Миленковски, тимот на Зоран Штерјовски пак се потпре на дефанзивниот блок и младиот напаѓач Александар Недановски, кој по прекрасниот гол против Вардар во Купот во средата и денес ја затресе противничката мрежа. По тешкиот терен двете екипи тешко креираа шанси, па извесно беше дека кога Пелистер поведе во 69 минута, дека тоа ќе биде голема предност до крајот на мечот. Оваа победа многу значи како исчекор кон врвот, посебно по ремито на домашен терен против Тетекс минатата недела.