Неделава одлука за датумот на изборите

0
460

Европратеникот Ричард Ховит не ја исклучува можноста изборите од април да не бидат оценети како доверливи, доколку се одржат со многу задоцнување и доколку не бидат спроведени сите точки од Договорот од Пржино.

Ховит во интервју за Алсат-М вели дека оваа недела ќе се одлучи дали вонредните избори ќе се одржат или не на 24 април годинава, како што договорија лидерите на четирите главни политички партии.

„Оваа недела ќе се договориме дали ќе остане истиот датум, 24 април, бидејќи е јасно дека има несогласувања меѓу партиите. За изборите да бидат фер и доверливи и за да се обезбедат вистински демократски избори, ќе треба да се спроведат и другите елементи од договорот. Досегашната ситуација покажува дека е можно да има избори, но дали ќе бидат перципирани како демократски или рамноправни, не сум сигурен. Дали ќе се обезбедат демократски избори не сум сигурен, не сум сигурен“, вели Ховит.

Без коментари

LEAVE A REPLY