Недостасуваат 40 печати на ДИК од касарната во Илинден

0
274

На вчерашната седница на ДИК по пописот на избирачкиот материјал било увидено дека недостасуваат 40 печати кои се чувале во касарната во Илинден. Ги нема печатите за дел од избирачки места во Сопиште, Брвеница, Липково и од Брвеница и сите печати од општина Бутел.

Генералниот секретар на ДИК, Добре Јанчев тврдеше дека ниту еден од печатите на ДИК од избирачките места во Бутел воопшто не биле влезени во касарната Илинден по последните избори и оти никогаш не биле дел од пописните листи на ДИК.

Членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев реагираше дека со украдени печати ВМРО-ДПМНЕ победуваше на неколку изборни циклуси.

На крај на расправата беше заклучено да се направи дополнителен попис на избирачкиот материјал за избирачките места каде што недостасува.