Нека не ни држат лекции по демократија, нека си го погледнат својот срам

0
288

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделник отфрли било какви западни лекции од демократија кога станува збор за слободата на печатот во Турција, а по минатонеделните критики од Барак Обама.
„Сите кои се обидуваат да ни одржат лекција од демократија и човекови права, најпрво мора да го погледнат сопствениот срам“, рече Ердоган во говор одржан во Анкара.

Во петокот, во пресрет на средната со Ердоган во Вашингтон, Обама го осуди „загрижувачкиот пат“ што го одбрала Турција кога станува збор за слободата на печатот. /крај/хн/ст