Некогаш запуштените објекти стануваат капацитети за странски ловџии

0
668

Со цел да се привлечат туристи, но и младите да навлезат во тајните на етнологијата, реновирани се 3 објекти во ловиштето Старавина 5, на планината Кајмакчалан. Објектите ќе ги користат фолклорното друштво „Александар Турунџев“ заедно со Здружението на ловци „Сокол“, кој е концесионер на ловиштето каде што се наоѓаат овие објекти. Ги побарале од Владата да им ги даде на користење преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, а процедурата е во завршна фаза.

-Тоа е за селски туризам, изучување на етнологијата, ловен туризам на зима, а на пролет децата ќе доаѓаат и ќе учат за етнологијата, вели Павле Христовски, потпретседател на ЦЕФ „Александар Турунџев“.pavle

Долги години овие објекти биле во незавидна состојба, руинирани.

-Немаше врати, прозори, се беше срушено. Многу вложивме многу, дури и лични средства, вели Христовски.objekti

-Многу туристи од Србија доаѓаат, секој сака да ги види локациите каде штио се одвиваше Првата светска војна. Постојано доаѓаат туристи, но немаше каде да се сместат, вели Јани Баљари, здружение на ловци „Сокол“.jani

Реновираните објекти се запуштени објекти од некогашната ЈНА.

obket vnatre