Неколку часа Нова Битола без струја

0
722

фото: Исмаил Демиров/facebook

Утрово дел од градот остана без електрична енергија. Имало испад на трафостаницата Битола 4 на 10 киловолтно ниво. Од ЕВН велат дека причината за испадот е заради зголемена потрошувачка на електрична енергија. Жителите на Нова Битола повторно биле приклучени на ситемот некаде после 12:00 часот.  Други поголеми проблеми со електричната енергија немале велат од ЕВН.

И дрво и бандера и кабли паднале на улицата Бихачка во Битола, со ваков проблем се соочиле тамошните жители. Како што велат дрвото паднало во 2 часот после полноќ. Екипи на терен ја санираат состојбата.

Овие фотографии ги ипрати жител од улицата.

12527955_168701753495710_2035900520_n

12571006_168701720162380_942672308_n