Некултурата е наш проблем

0
1002

Ги направија и промовираа новите постојки. Така беше пред неколку месеци кога и повикаа ако нема редовност на автобурите граѓаните да се обратат во општината. Но, каде да се прочита кога кој автобус доаѓа. Барем на оваа постојка нема, на ул.Ружа Делчева. Беше изваден и бројот на стојалиштето кој што беше поставен на кровот од автобуската постојка .

Овде нема ниту клупа за седење, а ја имало. Повод за реакција на оние кои секојдневно чекаат автобус…

-Ова е вандализам, незнам на кој им смета, за да ги извади. Чекаме автобус нема каде да седнеме, вели граѓанин

– Ова е срамота. Не треба вака да се однесуваат граѓаните, вака не е во ред, пак кој ќе ги плати, ние, од нашиот џеб, вели граѓанин

Согласно програмата за поставување на автобуски стојалишта на подрачјето на општина битола пред 6 месеци беа поставени 68 автобуски стојалишта во урбаните средини. Во руралните средини,  50 репарирани автобуски стојалишта. Вредноста за реализација на автобуските стојалишта, новите и репарираните изнесува околу 9.5 милиони денари.