Нема блокада без опомена

0
498

Извршителите нема веќе да им ги блокираат сметките на граѓаните без предупредување. Со новиот закон за извршување, кој е во собраниска процедура, се предлага извршителот, задолжително, пред да блокира сметка, писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот, пишува Вест.

Истовремено, должникот треба да го извести извршителот дали е вработен или не, каква е неговата имотна состојба, висината на приходите од плата и други надоместоци. Ако должникот не одговори на предупредувањето, тогаш сметката ќе му биде блокирана.

Со новиот закон, исто така, се воведува и вонсудска наплата на долгови за струја, вода, парно, за телефон, кабелски оператори или куќен совет. Тоа значи дека со новата постапка ќе се избегнат трошоците кои за комуналните сметки сега ги прават адвокатите, нотарите или, пак, судовите.

“Главниот проблем сега е што постојат случаи во кои должникот првпат дознава дека има долг дури кога предметот ќе дојде кај извршител. Во меѓувреме, се натрупале трошоци, а расте и каматата. Со вонсудската наплата, трошоците ќе се намалат на минимум, односно должникот ќе треба само да ги плати неплатените сметки. Тој треба да дојде кај извршителот и може да побара од компанијата долгот да го плаќа на рати, може да каже дека е социјален случај или, пак, да покаже дека можеби сметките му се платени”, вели Зоран Петрески, претседател на Комората на извршители на Македонија.

Без коментари

LEAVE A REPLY