Нема да има копнени трупи за борба против Исламската држава

0
360

Американскиот претседател Барал Обама рече дека нападите на Париз биле „ужасен удар“ во борбата против Исламската држава, но, нагласи дека би било погрешно да се испратат американски копнени сили во Блискиот исток да се борат против милитантите.

Обраќајќи се на крајот  на самитот на Г-20 во Турција, Обама ја бранеше американската воздушна кампања во Ирак и Сирија за поддршка на локалните борци во долгогодишниот конфликт со Исламската држава, која ја нарече „лице на злото“.

Обама рече дека САД хипотетички можат да испратат 50.000 копнени трупи во Сирија за да ги совладаат бунтовниците на Исламската држава. Но, оваа стратегија не може да биде крајно решение затоа што Сирија не е под окупација на САД, а и терористички закани има на други места во Блискиот исток и југоисточна Азија.

Тој се противеше на употребата на копнени трупи во минатото, и ги одби повикувањата за ангажирања на нови трупи, од страна на републиканските претседателски кандидати,  по нападите во Париз, кои би се бореле против Исламската држава.

„Јас нема да преземам чисто политичка акција, за Америка да изгледа силна, или да изгледа дека јас сум силен. Стратегијата која ја употребуваме е вистинската“, изјави Обама.

Обама исто така рече дека не ги потценува заканите од Исламската држава за терористички напади врз САД или било каде, велејќи: „Ако имате само неколкумина кои се спремни да умрат, тие можат да убијат многу луѓе“.

Без коментари

LEAVE A REPLY