Нема да има средба Путин-Ердоган на самитот во Париз

0
311

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган нема да се состанат на маргините на самитот за клима во Париз, и покрај барањето за разговор „очи во очи“, кое го упати турскиот лидер, објави Кремљ во понеделникот.

„Не е предвиден никаков состанок меѓу двајцата лидери“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека рускиот претседател Путин веројатно накратко ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама.

Турскиот претседател во петокот изрази желба да се состане со Путин на самитот за клима во Париз во време во кое двете држави минуваат низ тешка дипломатска криза по уривањето на рускиот авион од страна на турското воздухопловство над сириската граница./крај/мф/ап/

Без коментари

LEAVE A REPLY