Нема договор, Хан разочаран замина од Скопје

0
2687

Еврокомесарот Јоханес Хан замина разочаран од Скопје откако без успех завршија преговорите на четирите политички партии. Тие не постигна договор по ниту едно од отворените прашања. „Разочаран сум, ова беше лош ден,  но се уште сум оптимист. Политичките лидери треба да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и да покажат лидерство. Не може Европа да носи одлуки за македонските лидери“, рече Хан и ја напушти резиденцијата на ЕУ во Пржино. Тој предупреди и дека овој дебакл на преговорите може да се одрази на македонските евроинтеграции  со оглед дека за околу две недели се очекува објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија и прашање е дали ќе има препорака за пристапни преговори со ЕУ. Маратонската средба заврши околу 4 часот утринава откако некаде по полноќ први заминаа лидерите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи, а Хан потоа не супеа да ги приближи ставовите ниту на средбата само со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски.

Без коментари

LEAVE A REPLY