Нема договор во Пржино, Тачи и Ахмети си заминаа, Груевски и Заев се уште се во резиденцијата

0
909

Без договор заврши маратонската лидерска средба на лидерите на партиите, нивните преговарачи, амбасадорите на САД и ЕУ, медијаторот на ЕК и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Сепак по официјалната завршница, Хан решил да направи уште еден обид со Груевски и Заев. Законот за „бомби“ и законот за Влада се најспорните точки за ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, јави телевизијата 24 вести.

Прв резиденцијата на ЕУ во Пржино ја напушти лидерот на ДПА Мендух Тачи без да даде изјава, а по него излезе и и лидерот на ДУи Али Ахмети.

Ахмети порача дека работните групи ќе продолжат со работа, а најголем проблем е законот за Влада, со кој што треба да се прецизирата надлежностите на министрите.
Дополнително од ДУИ велат дека спорен е законот за забрана на тн. „бомби“- односно инсистирањето а опоизцијата да нема казни затвор за новинарите доколку објават прислушуван материјал, а да се зголрми казната за добавувачите.

Во моментов во резиденцијата на ЕК се само лидерите на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев и меѓународните претставници. Се очекуваат нивните изјави, но и изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан.

Според информациите од резиденцијата се прави дополнителен напор и обид од Хан  да се постигне поместување  во позициите меѓу Груевски и Заев .

Без коментари

LEAVE A REPLY