Нема договор за изборниот пакет

0
567

Оптимизмот на Питер Ванхауте заврши со песимизам- во  5 часот утрово состанокот на работната група заврши без договор за изборните правила. Еу е разочарана, што партиоите не успеаја да ги усогласат ставовите по предлогот кој вчера им го презентираше медијаторот во комисијата Ванхауте.

Токму поради тоа  меѓународните претставници најавиле можност предлогот од вчера да го до прецизираат и претсавниците на работната група да го добијат во петок  како предлог законо за измени на изборниот законик во готова форма, за поднесување во Собранието, брифирата извори од преговорите

Според истите извори се уште клучни отворени прашања остануваа прочистувањето на избирачкиот список и галсањето на дијаспората.

Вчерашниот ден, според дел од преговарачите поминал , во одолговлекување на разговорите, со многу паузи, внатре партиски консултации, како и враќање на маса на прашања што веќе се сметале за затворени и менување на ставови.

Засега нема информации дали воопшто денеска ќе има работна средба или до утре ќе има само билатералки.