Нема договор за Изборниот законик

0
386

Рокот, поставен со договорот од Пржино, за измени во Изборното законодавство истече на 6 октомври.

Оттогаш траат поединечни и групни преговори, но партиите не можат да се договорат за повеќе точки кои го опфаќаат гласањето на дијаспората, функционирањето на ДИК, чистењето на избирачкиот список.
Сѐ додека не се постигне договор за Изборните реформи, се одлагаат и следните приоритети кои беа претходно ставени на агендата за расправа.
Меѓу нив се и реформите на медиумите и правосудството, законите за спречување на злоупотреба на „бомбите“ и за заштита на „свиркачите“, како и изборот на министри и заменици-министри во преодната влада, кои треба да бидат избрани најдоцна до 20 октомври, но согласноста за нив треба да се постигне до крајот на неделава.