Нема договор за петиот член на ад хок-комисијата за медиумите

0
331

Рокот на договор за назначување на петиот член на ад хок-комисијата за надзор на медиумите за време на предизборната кампања е пробиен. И вчера четворицата членови, двајца избрани по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и двајца на СДСМ, не се договорија за тоа кој од пријавените Албанци би бил петиот член на оваа комисија.

СДСМ соопшти дека петтиот член мора да биде експерт, кој ќе работи независно, а не како партизираната Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги.

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека СДСМ го спречува екипирањето на ад хок-комисијата и дека даваат целосна поддршка на комисијата да го изберат најдобриот кандидат. Од владејачката партија велат дека се зголемува стравот на СДСМ од избори. Од опозициската партија велат дека ВМРО­ ДПМНЕ не сака слободни медиуми и се плаши од избори.